Новости
Акција Теово 2008
Извештај од РИОН 2008 - С.Станци - Крива Паланка
Извештај од 23-ти средби на извидници Голозинци - 2008
Нови слики од смотрата
Годишно искачување на врвот Голем Кораб (2764 мнв)


Извидничкиот Одред Илинден е формиран 1954 година во месец мај, како Втор скопски одред, а подоцна по смртта на неговиот прв старешина Др.Димитрие Папазоглу, долго време одредот го носи неговото име, за да подоцна во 1980 година го избере и носи името - Извиднички Одред "ИЛИНДЕН". Како одраз на растежот и омасовувањето на одредот и организацијата, веќе истата година учествува на сојузна акција во Белград.

Тоа беа првите почетоци кои истовремено претставуваа почетоци на незапирливиот растеж на одредот. Во изминатите 50 години покрај бројните водни, четни и одредски акции во сопствена организација, акции заедно со другите скопски извиднички одреди, општински и републички акции, одредот беше присутен и на сите сојузни акции почнувајќи од Фрушка Гора, Пале, Титово Ужице, Петрова Гора, двапати на легендарната Сутјеска по повод годишнините од епопејата на борбите на Сутјеска, Блед, на Сремскиот фронт, а исто така и на меѓународни акции, активности, собири и смотри како што беа на Островото на мирот во Западна Германија, во Белгија, Полска, а по осамостојувањето на Р.Македонија, во Швајцарија-1994 год., светската смотра во Холандија-1995 год., националната смотра во Словенија-1997год., националната смотра во Германија-2001 год. и.т.н. Исто така, одредот во 2000 година го организираше првото интернационално логорување во Македонија со гости од Црна Гора и Бугарија и од Свети Николе. Одредот маршираше и по стапките на ослободителите на Скопје и републиката, запознавајќи се со нашето историско минато. Во оваа прилика мораме да ја споменеме големата акција на одредот во "Прохор Пчински" изведена во 1974 година и посветена на Првото заседание на АСНОМ каде што се ставени темелите на државноста на нашата Република Македонија.

Оваа акција, акцијата во 1997 год. во Скопкото село Љубанци, како и на Градскиот плоштад во 2001 год., воедно беа и едни од најдобро организираните и најбројните акции во тој период кои беа и предмет на дневниот печат и телевизијата. Одредот во рамките на извидничката организација не се занимаваше само со акции и активности врзани за маршеви, логорувања, излети и смотри. Имено, во моментите на поплавата во Скопје 1962 година, катастрофалниот земјотрес во 1963 година и земјотресот во Црна Гора 1979 година, беше присутен со својот севкупен материјален потенцијал и покажа многу добри резултати за што доби и одредени признанија и благодарности од штабот за ц.з. при Општина Улцињ.

© Copyright 2008, Scout Group Ilinden - Skopje, All rigtst recived. Power and design by insourcingmk

Warning: mysql_free_result(): 5 is not a valid MySQL result resource in /hermes/waloraweb029/b2272/pow.insourcingdoo/htdocs/ilinden/zanas.php on line 301