Новости
Акција Теово 2008
Извештај од РИОН 2008 - С.Станци - Крива Паланка
Извештај од 23-ти средби на извидници Голозинци - 2008
Нови слики од смотрата
Годишно искачување на врвот Голем Кораб (2764 мнв)

Вовед

Зборот „основи“ во Скаутското движење користи да се укаже на основните елементи на кои се засновува движењето, т.е. неговата намена, принципи и метод. Така, додека Скаутското движење има многу различни облици приспособени за потребите на секое општество, Основите се заеднички именител кој го поврзува Движењето низ целиот свет. Овие основи се назначени во поглавјето 1 од Статутот на Светската организација на скаутското движење (WOSM) и ги карактеризираат сите организации кои се негови членови.

Сегашната формулација на Основите е условена на 26-тата Светска скаутска конференција во Монтраел 1977 година, по приличен број години проучување на светско ниво. Формулацијата на Основите претставува единствен официјален договор на повеќе од сто членки на WOSM.

Под насловот „Скаутско Движење“, поглавје 1 од статутот на WOSM разработени се:
а. Дефинирање на Скаутското движење;
б. Намена на Скаутизмот;
в. Принципи на Скаутизмот и нивно обликување во Заветот и Законите;
г. Метод на Скаутизмот.

Дефиниција

Скаутското движење е дефинирано како: „доброволно, неполитичко, образовно движење за млади луѓе отворено за сите без оглед на потеклото, расата или верата, а во согласност со намената, принципите и методот создадени од страна на Основачот кои се долу наведени“.

Треба да се истакне на почетокот дека не е можно да се искажат сите аспекти на Скаутското движење во еден одвоен навод. Ова го покажува горенаведената фаза, која го истакнува фактот дека намената, принципите и методот кој го создал Роберт Баден-Пауел, основач на Скаутското движење, се составен дел на дефиницијата. Клучните зборови кои се користат во дефиницијата (зборови кои ги изразуваат главните карактеристики на движењето) ќе ги објасниме накратко. Под зборот ДВИЖЕЊЕ се подразбираат сите организирани активности насочени кон некоја цел. Така зборот „Движење“ подразбира и цел која треба да се достигне и некој вид организација која тоа го гарантира.


ДОБРОВОЛНИОТ карактер на Скаутското движење го истакнува фактот дека членовите на движењето пристапуваат по своја сопствена желба затоа што ги прифаќаат основите на движењето. Ова се однесува како на младите луѓе така и на возрасните. Како образовно движење, Скаутите се АПОЛИТИЧНИ во смисла на тоа дека не се вмешани во борбата за моќ која е примарна работа на политиката и која обично се покажува во систем на политички партии. Овој неполитички карактер се бара од сите национални здруженија и пропишан е со статутот на WOSM како основна карактеристика на движењето. Ова секако не значи дека Скаутското движење е комплетно одделено од Политичката реалност во рамките на една земја.

На прво место, целта на движењето е да развие одговорни граѓани; Ова граѓанско образование неможе да се оствари без свеста за политичката реалност во земјата. На второ место, движењето се заснова на бројни принципи - темелни закони и верувања - што ги условува политичкиот избор на членовите на Движењето.

Скаутското движење е дефинирано како образовно движење. тоа секако е неговата суштинска карактеристика и затоа за ова ќе кажеме нешто повеќе.
Во пошитока смисла на зборот, образованието може да се дефинира како процес кој тежи кон комплетен развој на човековите способности. Скаутизмот мора затоа јасно да биде одделен од чисто рекреативните движења, имиџот кој тежнее да го здобие во некои делови од светот. И покрај важноста на рекреативните активности на Скаутизмот тие сепак се замислени како средства за да се постигне одредена цел, а не како цел сама по себе. Образованието исто така мора да биде одделено од процесот на здобивање посебно знаење или вештина. Како што е горе дефинирано образованието опфаќа развој на менталните способности со цел „научи да знаеш“ и „научи да бидеш“, додека процесот на здобивање посебни знаења или вештини е познат како „научи да работиш“. Додека првите два аспекта се основа а движењето, стекнувањето на посебно знаење или вештина е средство за стигнување до целта: таа цел е да се биде образован.
И според зборовите на Основачот: „Тогаш овде лежи најважната цел на Скаутското вежбање - да се учи; не да се даваат инструкции туку да се учи т.е. да се натера момчето да учи за себе, за своите сопствени желби, за работите кои се насочени да создаваат карактер во него“.

Зборот образование е нормално поврзан со школскиот систем, кој е само еден облик на образование. Според UNESCO може да се разликуваат три типа на образование:
ЗАДОЛЖИТЕЛНО - образование, хиерарсиски организирано, хронолошки степенувано, образовен систем кој оди од основно училиште до универзитет.
НЕОФИЦИЈАЛНО - образование е животен процес каде што секоја индивидуа стекнува ставови, вредности, вештини и знаења од секојдневните искуства и влијанија на својата околина.
НЕЗАДОЛЖИТЕЛНО - образование е организирана образовна активност надвор од утврдениот формален систем и е насочена да им служи на востановените посетители кои учат и на востановените цели што се учат.
Скаутизмот и припаѓа на последната група затоа што, завземајќи место надвор од формалниот образовен систем, е организирана институција со образовна цел и упатена на предодредена јавност во работата.

Скаутизмот се упатува на МЛАДИТЕ ЛУЃЕ;тоа е движење на млади каде што улогата на возрасните е во помош на младите во постигнувањето на целите на Скаутизмот. Додека постои широк тренд кој се однесува на Старосната граница на младите во Движењето, не постојат строги правила кои се однесуваат на оваа тема, и секоја национална Скаутска организација ја одредува старосната граница која ја применува во интерната работа.
Движењето на скаутите е отворено за сите, без оглед на потеклото, расата, класата или верата. Така, едно од основните правила е недискриминацијата која овозможува индивидуата доброволно да пристапи кон намената, принципите и методот на движењето.
Целта на движењето е причината која лежи во основата на неговото постоење; преставува негова цел. Целта на Скаутското движење е да придонесе во развојот на малдите луѓе во остварувањето на нивните физички, интелектуални и општествени потенцијали како индивидуи и како одговорни членови на своите локални, национални и интернационални заедници. Наведувањето на целта го нагласува образовниот карактер на движењето кој има за цел потполн развој на способностите на личноста. Еден од темелните принципи на образованието е дека обимите на човечкото битие физички, интелектуални, општествени и духовни - неможат да се развиваат оделно еден од друг. Процесот на развој на личноста, според дефиницијата е составен од повеќе делови.
Треба да се напомене дека наведувањето на Скаутизмот го нагласува фактот дека Скаутското движење е само еден од неколкуте фактори кои придонесуваат во развојот на младите. Тоа незначи дека Скаутското движење ги заменува семејството, училиштето, религијата и останатите општествени институции; тоа е замислено како дополнување на образовното влијание на овие иституции.
Исто така е важно да се истакне дека сваќањето на „одговорно државјанство“, кое е едно од основните цели на Скаутизмот, мора да се разбере во поширока смисла. Така, човекот пред се е индивидуа.
Оваа индивидуа е составен дел на својата заедница која пак е дел од пошироката политичка структура (област, покраина, држава, кантон и т.н..) чиј вкупен израз лежи во суверена држава, односно земја. На крај индивидуата е член на меѓународната заедница. Одговорниот граѓанин мора да биде свесен за своите права и обврски во однос на различнитезаедници на кои им припаѓа.

ЦЕЛ на Сојузот е да придонесува во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.

Развива кај своите членови позитивни особини како што се: работливост, другарство, искреност, скромност, истрајност, снаодливост, храброст и др. Развива кај своите членови разбирање и љубов кон природата и ги учи да ја чуваат и негуваат флората и фауната и другите богатства на природата и се вклучуваат во сите акции за зачувување на човековата околина. Поттикнува кај своите членови интересирање и склоност за тековите на науката, техниката, културата и спортот. Придонесува за корисно исполнување на слободното време на младите и децата и нивна рекреација.

ИЗВИДНИЧКИОТ МЕТОД е начин е начин на остварување а целта и претставува систем на постепено, прогресивно самообразување низ следниве четири елементи:
  1. Почитување и живеење според Заветот и Законите на извидниците,
  2. Учење низ работата,
  3. Членство во мали групи, вклучувајќи, под водство на повозрасни, постепено, прогресивно откривање и прифаќање на одговорности.
  4. Прогресивни и стимулативни програми на различни активности кои во главно се одвиваат надвор од просторија, базирани на интересите на учесниците, вклучувајќи игри, корисни вештини и услуги на општествената заедница.

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ на Сојузот се:

  1. Обврска кон духовниот развој.
    Прифаќање на духовните принципи, лојалност кон верата која ги изразува и прифаќање на обврските кои произлегуваат.
  2. Обврска кон другите.
    -Лојалност кон својата земја заедно со промоција на локалниот, националниот и меѓународниот мир, разбирање и соработка.
    -Учество во развојот на општетвото со признаање и почитување на дигнитетот на другиот и интегритетот на приоднит свет.
  3. Обврска кон себе.
    Одговорност за сопствениот развој.

Овие обврски ги превзема секој поединец, член на извидничката организација, со давањето на заветот.

Кога ќе се споменат извидниците, обично се помислува на излети, логорувања, шатори и воопшто престој во природа. Вистина е дека Сојузот на извидници на Македонија сеуште има карактеристика на организација во која повеќето членови се од градот (бидејќи децата од село не се многу вклучени), за кои престојот во природа е корисен и привлечен, но излетите и логорувањата се само еден дел од извидничката програма.
Природата е многу често место каде се остварува извидничката програма, иако животот вп природа сам по себе во потесен смисол не е цел на извидничката програма. Животот во природа е едно од средствата за спроведување на извидничката програма, а нејзина цел е воспитување и развивање на одредени корисни особини.
Покрај барањата за стручно-извидничко оспособување и напредување, пред секој извидник постојат барања од идеолошка природа кои се содржани во заветот и извидничките закони.

Новопримените членови, по тримесечен приправнички период, заветот вообичаено го даваат во некоја севчана прилика и во присуство на нивниот водич и поголем број извидници и пријатели на организацијата.

Заветот е ист за сите категории на извидници и тој гласи:
„Давам чесен збор,
- дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина Р.Македонија
- дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење
- дека секогаш ќе им помагам на луѓето
- дека ќе живеам и работам по извидничките закони“

Законите за развигорците гласат:
1. Развигорецот е добар пријател, храбар и чесен
2. Развигорецот ги почитува своите родители и постарите
3. Развигорецот добро учи, вреден е и несебичен.

Законите на извидниците гласат:
1. На извидникот му е чест да му веруваат
2. Извидникот е корисен
3. Извидникот е добар другар
4. Извидникот е учтив
5. Извидникот е оптимист
6. Извидникот е верен и одговорен
7. Извидникот постојано учи и ги применува стекнатите знаења
8. Извидникот ја цени природата
9. Извидникот ги цени и развива духовните и културните вредности
10. Извидникот е чесен во мислите, зборовите и делата

Запознавајќи се со заветот и законите, секој поединец се решава дали ќе стане член на извидничката организација. Се разбира заветот и законите би биле само зборови доколку не бидат пропратени со толкување, разговори и практично спроведување. Водачите на патроли и предводниците на дружини во постојаната работа со извидниците се грижат за тоа. Заветот и законите се основно мерило колку некој е добар и приврзан член на организацијата, или е можеби само обичен минувач.
За времето кое го поминуваат во организацијата извидниците совладуваат одредени знаења и вештини. Знаењата и вештините кои се совладуваат се содржани во основната програма.

Извидниците можат да се поделат во три категории и тоа:

Развигорци (7-11 години)
- Прв Цвет
- Втор Цвет
- Трет цвет

Помлади извидници (11-15 години)
- Прв јазол
- Втор јазол
- Трет јазол

Извидници (15-20 години)
-Прво сонце
- Второ сонце
- Трето сонце

Напомена:

Секој нов член во организацијата поминува приправнички период кој трае најмалку три месеци, по што следи давање на заветот. По давањето на заветот новите членови во своите работни единици отпочнуваат со редовно спроведување на извидничката програма и активности. За време на приправничкиот период секој новопримен член во организацијата треба да се запознае со следните работи:

- што се извидниците
- Да се запознае со заветот и законите
- да го научи извидничкиот поздрав

© Copyright 2008, Scout Group Ilinden - Skopje, All rigtst recived. Power and design by insourcingmk

Warning: mysql_free_result(): 5 is not a valid MySQL result resource in /hermes/waloraweb029/b2272/pow.insourcingdoo/htdocs/ilinden/izvidnistvo.php on line 424